Дома Фудбал Машинеријата на Баерн не запира, Борусија до победа и без Халанд 🎥

Машинеријата на Баерн не запира, Борусија до победа и без Халанд 🎥

Фудбалерите на Баерн денес без поголеми проблеми го победија Хофенхајм со 4:0.

Баварците под водство на Нагелсман станаа вистинска машинерија. Гнабри го отвори резултатот, потоа погодо Левандовски, а на 3:0 зголеми Чупо Мотинг во 82. минута. Набрзо по овој гол се поништи погодок на Толисо, но само неколку минути подоцна Коман ги постави конечните 4:0.

Борујсија Дортмунд гостуваше во Биефилд, па и без Ерлинг Халанд дојде до победа од 3:1. Овој дуел беше обележан со одличниот гол на Хумелс, погодија уште Чан и Белингам, додека за домаќините стрелец беше Клос од пенал.

Во останатите два натпревари Лајпциг немаше проблеми со Фурт, додека Волфсбург на домашен терен претрпе пораз од Фрајбург со 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…