Дома Фудбал Останато Матје: Знам како му е на Ленгле, така мене ми беше во последната сезона

Матје: Знам како му е на Ленгле, така мене ми беше во последната сезона

Барселона веќе некое време се наоѓа во криза и тоа се може да се види по резултатите на Каталонците во последните натпревари.

После дебаклот во Лигата на шампионите и поразо од ПСЖ Барселона во неделата одигра само 1:1 против Кадиз во Ла Лига.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Еден од најкритикуваните играчи е дефанзивецот Клемент Ленгле кој против Кадиз направи пенал во 89. минута. Ленгле во солзи го напушти стадионот затоа што беше свесен дека е трагичар.

Поранешниот фудбалер на Барселона Жереми Матје истакна дека е свесен низ што поминува неговиот сонародник.

„Имав тежок период во последната сезона во Барселона. Се чувствував осамено во последната сезона, немав поддршка од соблекувалната. За мене тоа не е фудбал. Сите го критикуваат Ленгле и знам како му е. Тој дава се од себе, но некогаш едноставно не ви оди и лошо е ако ја немате поддршката од соиграчите“, изјави Матје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кореецот го напушта Баерн и се сели во Премиер лигата

Фудбалерот од Јужна Кореја Ким Мин Џе сака да го напушти Бајерн на крајот на сезоната. Пре…