Дома Фудбал Италија Матераци: Јувентус е најлошиот тим од сите кои се борат за место во ЛШ

Матераци: Јувентус е најлошиот тим од сите кои се борат за место во ЛШ

После девет титули во низа сезонава „старата дама“ многу веројатно Скудетото ќе го препушти на Интер, до крајот на сезоната Јувентус го чека борба за пласманот во Лигата на шампионите.

Од второто до петтото место разликата е само четири бода. Милан е втор со 63 освоени бодови, потоа следат Јувентус (62), Аталанта (61) и Наполи (59).

Легендата на Интер, Марко Матераци смета дека Милан е тимот кој сигурно заслужува да се најде во ЛШ, а Јувентус го смета за најлош од четирите тима кои се борат за место во најелитното европско натпреварување.

„Мислев дека Милан ќе изгуби бодови, но имаа серија на неколку добри натпревари. Заслужија да одат во Лигата на шампионите. Аталанта со сите сили оди напред, а Јувентус е најлош од сите тимови кои се борат за ЛШ. Натпреварите Наполи – Интер и Аталанта – Јувентус ќе бидат најважни“, смета Матераци.

Матераци беше дел од екипата на Интер која го освои последното Скудето во 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус започна преговори со Гатузо

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанс…