Дома Фудбал Мартинез се расплака како мало дете по освоениот трофеј во ФА-купот ?

Мартинез се расплака како мало дете по освоениот трофеј во ФА-купот ?

Арсенал синоќа го освои ФА-купот, откако во финалето го совлада градскиот ривал Челси со 2-1. А по крајот на натпреварот следеше доделувањето на трофејот, како и солзи кај голманот Емилијано Мартинез.

По 10 години во клубот, шест позајмици, Мартинез доби шанса на голот на „топчиите“ по повредата на Бернд Лено, па синоќа беше дел од победничкиот тим.

За Мартинез, од сите фудбалери на Арсенал, најмалку се знае и зборува, но синоќешниот трофеј за негобеше посебен. Па така, едвај успеа да даде кратка изјава по мечот.

Мартинез пристигна во клубот како 17-годишно момче и го напушти своето семејство и Аргентина, а една деценија подоцна доби шанса меѓу стативите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…