Дома Фудбал Италија Марота во Јувентус заработувал десет пати повеќе од Ањели и Недвед

Марота во Јувентус заработувал десет пати повеќе од Ањели и Недвед

Oткриени се платата и бонусите кои ги инкасираш оваа сезона, тешко дека на таква сума може да се надева некаде на друго место.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во италијанските медиуми е откриено дека отпуштениот директор на Јувентус, Бепе Марота заработувал околу пет милиони евра годишно во Јувентус.

Имено, толку му припаднало оваа сезона, сметајќи ги премиите за титула, двојна круна и посебен бонус за целите остварени во доминацијата на Јувентус во последните седум години.

После оваа информација се наметнуваат споредби. Марота дома однел десет пати повеќе отколку претседателот Ањели кој не е сопственик на клубот (браќата Елкан се наследници на Фиат), Ањели добивал околу 500.00 евра (има големо богатство во акциите на компанијата), додека Павел Недвед има плата од 400.000 евра неделно.

Марота сега е минато, Интер му понудил околу три милиони евра годишно со што би го направиле спортскиот директор повеќе платен од пример Скриниар кој е еден од најбараните дефанзивци. Покрај Интер се шпекулира и дека исксниот директор има понуда и од Арсенал со плата од 3.5 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кризата во нападот на Милан е најтешката во последните 10 години

Милан има постигнато само 48 голови за сезоната 2025-26, што води до најлошиот им статисти…