Дома Фудбал Мароканците наградата од настапот на СП ќе ја поделат на сиромашни

Мароканците наградата од настапот на СП ќе ја поделат на сиромашни

Фудбалерите на мароканската репрезентација одлучија да ги донираат сите пари заработени на Светското првенство во Катар во 2022 година за да им помогнат на сиромашните семејства во својата земја.

Мароканците беа хит на Мундијалот и станаа првата африканска селекција која успеала да стигне до полуфинале на едно Светско првенство.

Мароканските фудбалери добија и финансиска награда, а одлучија сите пари од учеството и пласманот на СП што ќе ги додели ФИФА да ги донираат за сиромашните луѓе во земјата.

Според „АП“, мароканската репрезентација за својот настап заработила околу 25 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан со Сисе во нападот: Роденденски предизвик против Борнмут

Алфадџо Сисе на својот 20. роденден го предводи нападот на Милан, кој гостува кај Борнмут …