Дома Фудбал Репрезентации Маркињос: Зошто Меси молчеше кога судиите и помагаа на Барселона?

Маркињос: Зошто Меси молчеше кога судиите и помагаа на Барселона?

1

Дефанзивецот на репрезентацијата на Бразил и ПСЖ, Маркињос го критикуваше Меси кој го обвинуваше Конмебол за форсирање на Бразил.

Напаѓачот на Барселона упати навредливи критики кон управата на Конмебол, а покрај тоа одби и да го прими медалот за трето место после победата на „Гаучосите“ против Чиле.

„Кога германскиот судија Дениз Ајтекин го оштети ПСЖ во натпреварот против Барселона, Меси тогаш не зборуваше за корупција. Судиите досудиле многу работи во корист на Барселона и во корист на неговата репрезентација, но тогаш тој молчеше“, отворено зборуваше Маркињос.

Потоа тој истакна дека Меси мора да се помири со фактот дека повторно не освои трофеј со Аргентина.

„Меси изгуби и тоа мора да го прифати. Тешко е да се коментира неговиот јавен настап затоа што понекогаш ги обвинува другите за своите грешки. Барселона го победи ПСЖ со помош на судиите, никој тогаш од ПСЖ не изјави дека УЕФА сакала да победи Барселона“, заврши Маркињос.

Ќе потсетиме Бразил во финалето го победи Перу со 3:1.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Де Геа дефинитивно го пропушта дербито со Ливерпул

Во Манчестер Јунајтед може да здивнат затоа што повредата на Давид Де Геа не е од посериоз…