Дома Фудбал Лига на шампиони Маркињос: Знаеме како треба да играме против еворпскиот шампион (Видео)

Маркињос: Знаеме како треба да играме против еворпскиот шампион (Видео)

0
marquinos

Со денешните два натпревари (Јувентус – Тотенхем и Базел – Манчестер Сити) стартува нокаут фазата во Лигата на шампионите, поголемиот дел од фудбалските фанови со нетрпение го очекуваат утрешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ.

Пред овој натпревар Мбапе најави победа, Роналдо истакна дека ПСЖ има одлични фудбалери, а сега за популарниот сајт „Goal“ зборуваше и дефанзивецот Маркињос.

„Мислам дека во Мадрид ќе прикажеме одличен настап. Знаеме што треба да правиме, поминавме некои работи кои не променија. Пред се научивме дека и на гостувањат мораме да играме на идентичен начин како и на домашните натпревари. Мораме да веруваме во себе“.

„Свесни сме дека ќе играме против страшен тим, Реал во последните две години ја освојуваше Лигата на шампионите. Сепак и ние имаме големи квалитети, ова се два клуба кои имаат голем потенцијал да стигна далеку“.


Следете го Sportski.mk и на


„Знаеме дека нашите летни засилувања предизвикаа големи возбудвања и сега сите од ПСЖ имаат големи очекувања. Доведовме неколку вистински шампиони и поединци кои знаат како се освојува Лигата на шампионите“, изјави помеѓу другото Маркињос.

Во продолжение погледнете ја неговата комплетна изјава…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Едно од најемотивните простувања: Германецот плачеше како мало дете кога го замени неговиот татко (ВИДЕО)

Германскиот фудбалер, Пер Мертезакер (34) сега и официјално ја заврши професионалната фудб…