Дома Фудбал Марка: Трансферот на Мбапе во Реал ова лето е невозможна мисија

Марка: Трансферот на Мбапе во Реал ова лето е невозможна мисија

Килијан Мбапе веќе некое време е голема желба на Перез и Реал Мадрид.

Долго време се зборува дека Кралевите ќе испратат огромна поуда за францускиот фудбалер која е ги сруши сите рекорди, но за нив трансфер во текот на летото е невозможна мисија.

„Не е никаква тајна дека Реал силно го посакува Мбапе, но неговиот трансфер ова лето е невозможна мисија. Реал чека и се надева дека Мбапе ќе одбие нова соработка со ПСЖ и на тој начин ќе и се отвори шанса за трансфер во 2021. година“ – пишува Марка.

Трансферот на Мбапе скоро сигурно би можел да биде најголем на сите времиња, односно би требало да го надмине оној на Нејмар кога од Барса премина во ПСЖ.

Во летото 2017. година Парижаните за бразилскиот фудбалер издвоија неверојатни 222 милиони евра, што е апсолутен рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Солскјер по лудиот натпревар со изјава за – Мурињо и стативите во Скопје!

Манчестер Јунајтед денес како гостин го совлада Брајтон со 3:2 во навистина неверојатен на…