Дома Топ вести „Марка“: Меси повеќе не сака да го продолжи договорот со ПСЖ

„Марка“: Меси повеќе не сака да го продолжи договорот со ПСЖ


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Досега сите најави од Франција беа дека Меси наскоро ќе потпише нов договор со ПСЖ. Соработката на Меси истекува на лето и се тврдеше дека се е завршено и недостасува само официјализација.

Сепак, шпанскиот новинар Жерард Ромеро сега пренесува дека Аргентинецот повеќе не е сигурен дека сака да го продолжи договорот со Парижаните и почнал да размислува дали тоа да го направи.

„Од денес Меси не сака да го продолжи договорот со ПСЖ. Освојувањето на Светското првенство го промени начинот на кој Меси размислува. Сега повеќе го вреднува она што го има моментално, отколку што би можел да го има во иднина“, објави Ромеро.

„Марка“ тврди дека се е тоа е точно и појаснува дека Меси сега ја исполнил и последната цел која ја имал во кариератра и сега сака до крајот на кариерата онаму каде што сака да биде.

Играњето во француската Лига 1 не е мотив за ПСЖ, а ниту освојување на Лигата на шампионите со ПСЖ не го радува премногу.

Се најавува дека негово враќање во Барселона во овој момент може да биде реалност. Секако, за тоа да се случи Меси би морал да се откаже од голем дел од платата која ја заработува во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи не се откажува од Леао

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Челзи во зимскиот пр…