Реал Мадрид синоќа се посрамоти и на домашен терен запиша пораз од Кадис со резултат 0:1.
За овој сензационален пораз на „кралевите“, весникот „Марка“ го посочи Зидан како единствен виновник и тоа поради лошата селекција на играчите.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Немам објаснување. Изгубивме и тоа мора да го прифатиме. Не можеме да сме задоволни од она што го покажавме, и не сме. Но вакви работи се случуваат во фудбалот. Лошо го почнавме мечот, ни беше тешко уште од почетокот. По паузата бевме подобри, но ако не тргне како што треба на стартот, после тешко е да се вратиш. Се мачевме и немаме изговори“, изјави Зидан и тврди дека ова нема да влиае на неговиот тим.
„Изгубивме меч и ништо повеќе од тоа. Секако, важни 3 бода испуштивме на домашен терен, но тоа е тоа. Мораме да се фокусираме на следниот меч“, заклучи Французинот.