Британскиот тенисер, Енди Мари е победник на АТП турнирот во Париз, откако по 2 часа и 19 минути го совлада Џон Иснер со 6-3, 6-7/4, 6-4.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Енди Мари со освојување на турнирот во Париз ја потврди првата позиција на АТП ранг листата.Со самиот влез во финалето Мари го симна Новак Ѓоковиќ од врвот и стана рекет број еден во светот, а денешната победа над Џон Иснер е само уште еден трофеј на неговото конто.
Мари првиот сет го доби со 6-3, Иснер кој играше одличен тенис во Париз го освои вториот сет по тај-брејк. Во третиот повторно со еден брејк, Британецот победи со 6-4 за победа од 2-1 во сетови.