Дома Останати Мари го избегна Ѓоковиќ во полуфинале!

Мари го избегна Ѓоковиќ во полуфинале!

Енди Мари со 2:0 го победи Стен Вавринка и како првопласиран обезбеди место во полуфиналето, што му овозможи да го избегне Новак Ѓоковиќ.

Швајцарскиот тенисер беше достоен ривал само во првата половина од првиот сет, но Мари го направи првиот брејк при резултат 3-3, по што целосно го контролираше мечот. Првиот светски рекет најпрвин го доби сетот со 6-4, за потоа на стартот од вториот сет да направи два брзи брејка за водство од 4-1, трасирајќи си го патот до 22. победа во низа (6-4, 6-2).


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Следен противник на Мари во полуфиналето ќе биде Милош Раониќ, додека во вториот дуел Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со Кеи Нишикори.

Ѓоковиќ и Мари ќе водат битка и за првото место на АТП листата, па Британецот ќе мора да биде барем еднаков со Ѓоковиќ за да ја заврши 2016 на првото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Фјури со тешки обвинувања: Усик победи затоа што Украина е во војна

Олександар Усик е новиот светски шампион во бокс, откако во голема борба го победи Тајсон …