10. коло во ПМФЛ започна со изненадување, Работнички на Националната Арена бше поразен со 0:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот беше решен со автоголот на Марио Станковски кој си ја погоди сопствената мрежа во 56. минута. По еден корнер од левата страна топката го погоди Станковски и заврши во голот.
Работнички пред голот пропушти неколку одлични прилики, а Марио Станковски не реализираше и пенал. Голманот на Скопје, Андреј Ефремов го одбрани неговиот удар. После околу еден час игра Работнички остана и со играч помалку, исклучен беше Бојан Илиевски.
Во финишот и Скопје доби пенал, одговорностај а презеде Иво Јанакиевски, но голманот Мустафа го одбрани неговиот удар.
За Работнички ова беше втор пораз во низа откако во минатото коло беа поразени од Шкупи, о друга страна Скопје влегува во добра мини серија од три натпревари без пораз, од кои два се победа.