Синот на легендарниот Диего Армандо Марадона, Марадона јуниор, упати пофални зборови за игрите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Елмас максимално го искористи отсуството на повредениот Квича Кварацхелија и ја покажа својата класа, па го импресионираше и Марадона јуниор.
„Многу внимателно го следев Елмас, пред неколку недели направи глупост со објаватата на социјалните мрежи. Тоа можеше да се избегне, ама се извади. Македонецот доби шанса да игра како стартер поради отсуството на Кварацхелија, покажа дека е подготвен со голови и асистенции кон соиграчите“.
„Елмас беше одлучувачки, направи разлика, ме импресионираше! Овие работи многу ме радуваат, покажуваат колку Наполи е силен. Спалети е многу добар и перфектно го менаџира тимот“, истакна Марадона Јуниор.