Дома Фудбал Останато Марадона жесток во критиките до Меси и друштвото: Тој дрес не е на вашата мајка!

Марадона жесток во критиките до Меси и друштвото: Тој дрес не е на вашата мајка!

Според она што го видовме во првиот натпревар на Копа Америка на Аргентина против Колумбија во селекцијата на „Гаучосите“ работите не се промениле премногу од минатата година и Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентина на стартот на Копа Америка доживеа пораз од Колумбија со 2:0 и многумина сметаат дека ова ќе биде уште една неуспешна епизода на Меси и соиграчите од репрезентацијата.

Критики на сметка на Аргентина јавно истакна и Диего Арамндо Марадона.

„Кога гледам како играа оваа Аргентина имам чуство дека би изгубиле и од Того. Не можам да си поверувам како се борат за дресот на Аргентина. Мојата генерација знаеше и да го искрши автобусот после пораз, а денес – никакви емоции. Тој дрес не ви го оставила вашата мајка“, жесток беше Марадона.

Аргентина ја очекуваат натпревари уште против Парагвај и Катар во групната фаза и би било навистина огромна катастрофа доколку оваа селекција не ја помине групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алонсо добива ново засилување: Челси договори Аргентинец за 40 милиони евра

Челси го договори доаѓањето на аргентинскиот фудбалер Валентин Барко (21), објави Фабрицио…