Манчестер Јунајтед потврди дека Пол Побга ќе паузира неколку недели поради повреда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Погба се повреди во првото полувреме од саботниот натпревар против Евертон (3:3). Тогаш Французинот беше заменет од Фред, но Јунајтед евиндентно падна во играта и ја изгуби средината на теренот по неговото излегување. На крајот и прокоцка два гола предност.
Прво Погба ќе го пропушти гостувањето кај Вест Хем во ФА Купот, а ќе ги пропушти и дуелите со ВБА и Њукасл во Премиер лигата, како и мечот со Реал Сосиедад во Лигата на Европа.
На теренот Погба би требало да се врати на 28 февруари во натпреварот против Челзи.