Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед „десеткуван“ во дербито со Челзи

Манчестер Јунајтед „десеткуван“ во дербито со Челзи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг потврди дека тимот ќе биде без помош од дури петмина фудбалери на утрешниот натпревар против Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Надвор од конкуренција за дербито против Челзи се Ентони Марсијал, Лук Шо, Тајрел Маласија, Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф.

Рафаел Варан и Џони Еванс се опоравија од повредите и ќе бидат во конкуренција за утрешниот натпревар.

„Ова е многу тешко првенство. На секој клуб може да му се случи да нема добра сезона. Челзи нема некоја фантастична сезона, но тоа е тим кој може да победи секого. Тоа го покажаа неколку пати сезонава“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона бара кредит од 210 милиони евра за трансфери

Раководството на Барселона планира сериозна инвестиција на летниот трансфер пазар. Како сп…