Дома Топ вести Манчестер Јунајтед го купува Дибала за „ситница“

Манчестер Јунајтед го купува Дибала за „ситница“

Пауло Дибала може да ја напушти Рома на лето и да се пресели во Манчестер Јунајтед и тоа за „смешна“ сума.

Во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 12 милиони евра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


29-годишниот Дибала ова лето пристигна во Рома без обештетување и е најдобар поединец во тимот.

Оваа сезона „Волчицата“ не игра во Лигата на шампиони и ако не обезбеди пласман за следната сезона, Дибала ќе сака да ја промени средината.

Клубовите од Премиер лигата ја следат ситуацијата, а најсилен интерес покажува Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…