Дома Топ вести Манчестер Јунајтед влегува „All-In“ за Мекгваер

Манчестер Јунајтед влегува „All-In“ за Мекгваер

0

Главната цел на Манчестер Јунајтед во летниот трансфер пазар е да ја засили одбраната со врвен дефанзивец.

Иако изминатите месеци во медиумите се поврзуваа многу имиња со „црвените ѓаволи“, сепак главната цел на Солскјер е дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер.

Според „Манчестер Ивнинг Њуз“, раководството на Лестер нема проблем да се раздели со Мегваер, но само доколку од „црвените ѓаволи“ платат 80 милиони фунти.

Со цел да ја намалат цената, од Манчестер Јунајтед се подготвени во спротивен правец да ги пуштат Маркос Рохо кој би потпишал перманентен договор со „лисиците“ и Ерик Бејли кој би пристигнал на „Кинг Пауер“ како позајмен фудбалер.

Медиумите тврдат дека Лестер нема да ја прифати оваа понуда и дека сака да биде исплатена сумата од 80 милиони фунти, а последните информации од Островот се дека Манчестер Јунајтед размислува да ја плати таа сума.

Доколку се случи тоа, Мекгваер ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гринвуд донесе победа на Јунајтед против Интер, Вулвс на пенали подобар од Сити (ВИДЕО)

Денес ривалите од Манчестер играа пријателски натпревари во кои остварија половичен учинок…