Дома Топ вести Манчестер Сити подготви трансфер кој ќе ја „размрда“ Англија – Пристигнува играчот од лутиот ривал!

Манчестер Сити подготви трансфер кој ќе ја „размрда“ Англија – Пристигнува играчот од лутиот ривал!

Откако што Манчестер Јунајтед пред нос им го украде Алексис Санчез, Манчестер Сити се сврте кон други цели.

Иако изгледаше дека Пеп Гвардиола на лето ќе се обиде да го донесе Паоло Диабала или Антон Гризман, сепак првиот избор ќе биде Еден Азар. Белгијанецот често се поврзува со Реал Мадрид, меѓутоа „Mirror“ тврди дека Манчестер Сити е заинтересиран за него и дека ќе направи се, само да го доведе на „Етихад“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колку го сакаат во своите редови говори и фактот дека се подготвени да го срушат клупскиот рекорд од 150 милиони фунти за да го купат 27-годишниот играч од Челзи. Потсетуваме, „Граѓаните“ беа заинтересирани за Азар и во 2012., кога Роберто Манчини беше на клупата. Сепак, Азар се одлучи за Челзи, кој потоа освои ЛШ под водство на Роберто Ди Матео.

Азар во Челзи освои четири трофеи, вклучвајќи и две титули шампион на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…