Дома Фудбал Мануел Нојер најмалку осум недели надвор од теренот – еве ја причината

Мануел Нојер најмалку осум недели надвор од теренот – еве ја причината

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, најмалку осум недели ќе отсуствува од фудбалските терени поради повреда на стапалото.

Еден од најдобрите светски голмани се повреди во вторникот, на четвртфиналниот реванш против Реал, во Мадрид.

Баерн дуелот во Мадрид го загуби со 4:2 по 120 минути игра, а Нојер во текот на целиот меч беше на теренот.

Нојер поради повредата на стапалото ја заврши сезоната, а под знак прашалник е за настап во германската репрезентација за Купот на Конфедерации во Русија од 17.јуни до 2.јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…