Дома Фудбал Англија Мане уште еднаш ја покажа хуманата страна: Гради болници во Сенегал

Мане уште еднаш ја покажа хуманата страна: Гради болници во Сенегал

Садио Мане важи за еден од најголемите хуманитарци меѓу фудбалерите и веќе подолго време големи средства донира во својот роден Сенегал.

Мане претходно помагаше во изградба на училишта и модерницазија на разни објекти од општествен интерес во Сенегал, а сега поради пандемијата планира да финансира изградба на болници каде би се лечеле заболените од Ковид-19.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Бјорн Беземер, агент на фудбалерот од Сенегал, потврди дека на барање на Мане веќе започнала изградбата на болницата, додавајќи дека цената ќе биде околу 3,5 милиони американски долари, и дека сите ќе бидат покриени од фудбалерот на Ливерпул.

„Садио Мане сака да го модернизира местото во кое е роден. Тој претходно таму изгради средно училиште“, рече Беземер, додавајќи дека Мане е на секој начин гордост на родниот град и на целата земја.

Тој додаде дека болницата, откако ќе заврши, ќе обезбеди услуги за граѓаните од поширокиот регион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Лихт е херој на „ѓаволите“ – погоди во 96. минута за реми против Тотнем (Видео)

Возбудлива завршница во Лондон – Манчестер јунајтед извлече бод против Тотнем благодарение…