Дома Фудбал Мане: Умор постои само во вашата глава

Мане: Умор постои само во вашата глава

Минатата сезона во дресот на Ливерпул експлодираше Сенегалецот, Садио Мане.

Фантастичниот фудбалер ја подели титулата најдобар стрелец со Мохамед Салах и Пјер Емерик Обамејанг, а оваа сезонаќе мора нешто побавно да влезе во сезоната.

Мане имаше лето во кое играше со Сенегал на Африканскиот куп на Нации, а пред вечерашниот Супер куп на Европа призна дека е малку уморен, но додаде и дека е навикнат.

„Спремен сум да играм. Умор постои само тука (покажува кон главата). Седум години не сум одмарал и навикнат сум“, истакна Мане.

Ливерпул и Челзи вечерва во Инстанбул ќе го одиграат својот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…