Садио Мане денеска повторно беше стрелец во победата на Ливерпул во гости кај Фулам.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Мане ја продолжи својата одлична форма и го постигна својот 17. погодок оваа сезона во ПЛ и со тоа стана првиот Сенегалец во историјата на ПЛ на кој тоа му успеало.
Напаѓачот на Ливерпул сега за еден гол го помина рекордот кој го држеше Демба Ба, кој во дресот на Њукасл во сезона 2011/12 постигна 16 погодоци.
Играчот на тимот од Енфилд исто така се изедначи со Хари Кејн, Обамејанг и својот соиграч Мо Салах на второто место на листата на стрелци во ПЛ.
Сите четири играчи имаат по 17 погодоци, додека на првата позиција е играчот на Сити, Агуеро со 18 постигнати погодоци.
17 – Sadio Mané has scored 17 goals in the Premier League this season, overtaking Demba Ba as the Senegalese player with the most goals in a single campaign (16 in 2011-12). Lions. pic.twitter.com/Z76rOGmelK
— OptaJoe (@OptaJoe) March 17, 2019