Македонија вечерва одигра уште еден фантастичен натпревар против актуелниот европски шампион Германија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После ремито со Германија (25:25) Македонија како првопласирана во групата се пласира во втората фаза каде ќе пренесе 3 бода.
Дејан Манасков и денес одигра одличен меч и не го криеше задоволството.
„Пресреќен сум од она што го направивме овде во Загреб. Први сме во групата, што е супер резултат. Можеше да се случи се на оваа средба. Пред натпреварот Кире рече дека ако некој ни даде бод против Германија ќе потпишеме. Одиме со три бода во втората фаза. Сите одигравме добро во одбрана. Одиме во Вараждин по нови победи и да ги израдуваме нашите фанови“, изјави Манасков.