Новак Ѓоковиќ од денес повторно е тенисер број еден на АТП листата, а според многумина со освоениот Ролан Гарос Ѓоковиќ стана и најдобриот во историјата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот тенисер постави низа рекорди со вчерашната победа против Каспер Руд, меѓутоа веројатно најубавата слика беше направена по мечот.
За време на прес-конференцијата за медиумите додека Ѓоковиќ одговараше на прашањата на новинарите, неговиот син гордо го гледаше и го чекаше да заврши.
„Најубавата слика. Стефан го гледа својот татко и изгледа така гордо“, стои на објавената фотографија од соработникот на Ѓоковиќ, Тиери Жибер.
