Дома Македонски спорт Малиот Барди на десет години во дресот на Шкупи (ФОТО)

Малиот Барди на десет години во дресот на Шкупи (ФОТО)

0

Македонија утре го игра натпреварот против селекцијата на Словенија кој е втор во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Во првиот натпревар Македонија забележи победа против Летонија од 3:1. Секако еден од фудбалерите од кои многу ќе се очекува во утрешниот натпревар е мајсторот за слободни удари Енис Барди.

Пред натпреварот против Словенците на Фејсбук се појави една фотографија од Барди од времето кога го носел дресот на Шкупи.
Тимската фотографија на Шкупи е направена во далечната 2005/2006 година кога Барди имал само десет години, а негов тренер е Бедри Салиу.

Дека овој човек (Бедри Салиу) има големо значење во кариерата на Барди се покажа минатата сезона кога Салиу беше гостин на Барди во Шпанија. Тогаш шпанските медиуми објавија видео од средбата на македонскиот фудбалер со својот учител од детството и човекот кој ги направи првите чекори во фудбалот.

Барди и оваа сезона игра одлично во Леванте каде што е еден од најдобрите играчи на тимот, а дека во клубот и тоа како му веруваат се покажа пред крајот на годината кога Барди стави потпис на нов договор. Во овој момент Барди има договор со Леванте до 2022 година и откупна клазула во износ од 50 милиони евра. Пред Леванте Барди го носеше дресот на Ујпест, Шпанците го купија за сума од .1.5 милион евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Абидал: Нејмар е во нашиот список, но не е приоритет!

Спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал, во интервју за „Мундо Депортиво“ изјави дека…