Дома Фудбал Италија Малдини спремен да се врати во Милан, но постави ултиматум!

Малдини спремен да се врати во Милан, но постави ултиматум!

Новите сопственици на Милан сакаат по секоја цена да го вратат Паоло Малдини во клубот и му понудија фукнција на технички директор.

Новиот генерален доректор на „росонерите“ Марко Фасоне во неколку наварати имал средба со Малдини и му понудил функција на технички директор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендата на „росонерите“ во интервју за „Газета дело Спорт“ истакна дека е спремен да се врати во клубот, но сака директно да разовара со кинеските сопственици и да има јасна улога во клубот.

„Многу го сакам овој клуб и доколку се вратам тоа ќе го направам со цело срце и 24 часа ќе работам за доброто на Милан. Но, најпрво сакам да разговарам со новите сопственици и да видам каков е нивниот проект и планови за клубот“, истакна Малдини.

„Имав неколку средби со Фасоне, ми понуди да бидам технички директор. Меѓутоа јас сакам по попрецизна улога, сакам да можам сам да носам одлуки во клубот и да сносам одговорност за тоа. Доколку се вратам ќе се вратам со цел мој интегритет и реноме, и сакам да имам јасна улога“, додаде Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…