Дома Македонски спорт Македонската одбрана издоминира: Муслиу и Велковски со најмногу одземени топки во квалификациите

Македонската одбрана издоминира: Муслиу и Велковски со најмногу одземени топки во квалификациите

Македонската фудбалска репрезентација одигра фантастични квалификации за Мундијалот во Катар кој завршија со пораз кај Португалија во плеј-оф финалето.

Иако бевме поразени не можеме да бидеме незадоволни од она што го прикажаа нашите фудбалери на теренот. И селекторот Благоја Милевски по натпреварот ги пофали своите фудбалери за она што го прикажале во групната фаза и овие два плеј-оф натпревари против Италија и Португалија.

Посебно во oвие квалификации се истакна нашата одбрана. Македонија собра 488 освоени топки со што е на врвот во овој сегмент. Поединечно двајцата македонски дефанзивци се исто така на врвот, Висар Муслиу освоил 84 топки, а Дарко Велковски 67 со што се на првата и втората позиција.

Она што сигурно ќе остане запаметено од овие квалификации се победитеп ротив Германија и Италија на гостински терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски ја продолжува голгетерската форма: Нови два гола за Абердин

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна два гола во победата на Абердин против…