Дома Македонски спорт Македонија У19: Црна Гора не казни за пропуштените зицери

Македонија У19: Црна Гора не казни за пропуштените зицери

Денес репрезентацијата до 19 години на Македонија го одигра првиот од двата контролни натпревари против Црна Гора.

На натпреварот кој се играше во Ѓорче гостите забележаа победа од 0:1. Единствениот гол на натпреварот беше дел од Алдин Мусовиќ во 65. минута од натпреварот.

Иако изгубија нашите надежи не беа лоши во овој дуел. Пропуштивме две големи прилики преку Максимов и Стаковски. Во финишот од натпреварот Црна Гора остана со играч помалку откако исклучен беше Игор Пријовиќ.

Во четврток ќе го играме и вториот контролен натпревар против истиот противник. Терминот е од 11:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Луис Енрике посочи што мора ПСЖ да направи за да го запре Јамал

Тренерот на ПСЖ јасно порача дека клучот против Барселона е да се ограничи влијанието на Л…