Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија не доби вајлд-карта, ракометарите останаа без Светско првенство

Македонија не доби вајлд-карта, ракометарите останаа без Светско првенство

Светската ракометната федерација (ИХФ) ги додели двете вајлд карти за Светското првенство што идната година во јануари ќе се одржи во Египет и ја разочара цела Македонија.

Според информациите од ИХФ вајлд картите ги добија репрезентациите на Полска и Русија со што автоматски  нашата селекција нема да настапи на Мундијалот.

„ИХФ доби апликации за вајлд-карта од неколку федерации. При решавање и носење на одлука во целиот процес земени беа предвид генералниот развој на ракометот во конкретната земја, глобалниот ефект врз ракометот кој би го имало доделувањето на вајлд-карта на конкретната земја, но исто така и економските причини, особено во време на Ковид-19“, објаснија од ИХФ.

Нашите ракометари не добија шанса на терен да се изборат за учество на Светското првенство идната година, бидејќи Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги поништи баражите поради коронавирусот.

Македонската репрезентација ќе пропушти Светско првенство по четири учества по ред, односно нема да играме на голем турнир по цели девет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во феноменална трка Ферстапен победи на Силверстоун!

Холанѓанецот Макс Ферстапен победи на денешната трка на Силверстоун. Младиот возач на Ред …