Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија напредуваше на европската ФИБА ранг листа

Македонија напредуваше на европската ФИБА ранг листа

Машката сениорска репрезентација на Македонија е на 58. место на светската рејтинг листа, објавија од ФИБА, по завршувањето на февруарскиот ФИБА „прозорец“, односно по првиот круг од квалификациите за Евробаскетот 2025 година.

Големата победа на гостински терен против Полска (96:71), и тесниот пораз против Естонија во Скопје (69:74) во „Х“ групата од квалификациите, условија машката сениорска репрезентација на Македонија да добие нови рејтинг поени.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сега имаме вкупно 196.6 бодови, доволни за нашата најдобра селекција да ја има и 30. позиција во рангирањето кога станува збор за европската зона на ФИБА.

Тоа претставува напредок за една позиција во вкупниот светски ранкинг на Македонија во однос на претходниот.

Од нашите противници во групата, оној наредниот, во ноемврискиот ФИБА „прозорец“, репрезентацијата на Литванија, остана на десеттата позиција на светската ранкинг листа (има 713.1 бода), односно шестта во европски рамки.

Полска останува на 15.позиција во светот, односно на 10. во Европа со 611.7 бодови,  додека пак Естонија остана на 44. позиција во светскиот, и 22. во европскиот рејтинг, со 277.7 бода.

Инаку, лидер во светскиот поредок е САД кој има 784.8 бодови, пред Шпанија, со 773.9, односно Германија. Новиот светски шампион има 759 бода.

Едно место понапред е мундијалскиот вицешампион, Србија, која сега е на четвртта со 757.9 бодови, со кои ја мина Австралија, која го заокружува овој ТОП 5 поредок.

Популарните „кенгури“ имаат 756.3 бода во ова февруарско ФИБА рангирање, прво во 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонскиот дрес еден од најубавите во историјата на ЕП

Познатиот фудбалски магазин „Фор Фор Ту“, објави листа од топ 10 дресови на Европските прв…