Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија заедно со Црна Гора и Словенија домаќин на ЕВРО 2022.

Македонија заедно со Црна Гора и Словенија домаќин на ЕВРО 2022.

0

Во рамки на организацијата за уште еден сениорски шампионат, РФМ ќе го има приматот заедно со Словенија и Црна Гора да биде домаќин на Европското првенство 2022. година во женска конкуренција.

ЕХФ денес и официјално ги објави листите на кои се наоѓаат имињата на земјите кои го минале првиот круг од апликациите.

Она што беше клучно во изборот на Македонија заедно со Словенија и Црна Гора, е што тие три се единствените земји кои поднеле апликации за жеснкиот еврпски шампионат.

Во информацијата пренесена на ЕХФ се вели дека европската ракометна куќа ќе ги прифати апликациите на состанокот кој ќе се оддржи на 15 декември. Апликациите ќе бидат потврдени во март 2018. година, а доделувањето на приматите ќе се случи на конгресот на ЕХФ во Глазгов.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе An. V.
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манасков во препознатлива форма: Веспрем рутински во уште победа во домашното првенство

Унгарски Веспрем славеше уште еднаш во домашното првенство, овојпат против Дабас на гости …