Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија денес игра со Молдавија – досега никогаш не сме ја победиле!

Македонија денес игра со Молдавија – досега никогаш не сме ја победиле!

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска од 15:30 часот ќе го игра пријателскиот натпревар во Анталија против селекцијата на Молдавија. Тој ќе биде првите од двата контролни натпревари во Турција.

По денешниот натпревар со Молдавија три дена подоцна ќе играме против Црна Гора.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Селекторот Милевски на вчерашната прес-конференција најави дека овие натпревари ќе се искористат за нови тактички варијанти, а некои играчи ќе бидат поставени на нови позиции и ќе се види како сето тоа ќе изгледа.

Македонија во историјата до сега три пати играла против Молдавија, и во сите дуели немало победник. Два пати се сретнавме во кваликациите за Светското првенство 2002 година, на 11 октомври 2000 на гости во Кишинев немаше голови (0:0), а на возвратниот дуел во Скопје на 2 јуни 2001 резултатот беше 2:2.

Последниот натпревар меѓу овие две репрезентации се сретнаа на 11 февруари 2009 година во пријателски меч токму на стадионот „Мардан“ во Анталија кога ремизираа 1:1.

„Секако дека можам да изразам задоволство од виденото кај момците за овие три дена, што се однесува до работната атмосфера. За жал Исник Алими, Ердон Даци и Стефан Ашковски нема да бидат дел од тимот на овие два натпревари. И пред овој собир како и претходно проблем е минутажата на фудбалерите во клубовите.

Останатите се подготвени да се стават во функција на тимот. За жал имаме фудбалери кои воопшто немаат минутажа, ама навиканите сме на тоа. Најважно ми е да се здрави и физички подготвени, останатото што го покажуваат на собир, момците без разлика на натпреварувачката форма секогаш го даваат максимумот за Македонија. И овојпат не е ништо различно, сите се подготвени да одговорат на тоа што се бара од нив.

Ќе ги искористиме максимално овие дуели и тие во јуни за да пробаме нови тактички варијанти. Ќе ги пробаме некои играчи на нови позиции и ќе видиме како тоа ќе изгледа. Ќе ги искористиме натпреварите со Молдавија и Црна Гора да ги испробаме силите. Ќе дадеме минутажа на сите играчи, а ќе тестираме и нови варијанти“, изјави Милевски пред овој дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Араухо ја остави Барса на цедило, ПСЖ израмни🎥

Барселона и ПСЖ играат исклучително возбудливо прво полувреме и на пауза заминаа со резулт…