Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија го стартуваше Светското првенство со убедлив пораз

Македонија го стартуваше Светското првенство со убедлив пораз


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



На отварањето на Светското првенство Македонија претрпе убедлив пораз од Норвешка со 38:27.

Беше Норвешка фаворит и пред натпреварот, но храбрата Македонија тргна добро и беше достоен противник во најголем дел од првото полувреме.

Се играше изедначено се до 9:9 кога започна падот во нашата игра.

Томислав Јагуриновски кој беше одличен до тој момент се повреди во последните минути од првиот дуел, а таа негова повреда се поклопи и со нашиот пад во играта. Почнавме да промашуваме во нападот и Норвешка тоа го казни па на пауза замина со 18:11.

Во второто полувреме високата предност на Норвешка ниту еднаш не беше доведена во прашање, па отворено беше само прашањето со колкава разлика ќе заврши натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

„Бомба“ во НБА: Кајри Ирвинг побарал трејд!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Ѕвездата на Бруклин …