Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија го има и најдобриот играч на Европското првенство во Скопје

Македонија го има и најдобриот играч на Европското првенство во Скопје

Плејмејкерот и капитен на македонската репрезентација Никола Јаничиќ апсолутно заслужено е прогласен за МВП на Европското јуниорско кошаркарско првенство што се одржа во Скопје на кое Македонија дојде до златото и така обезбеди пласман во „А“ дивизијата на наредниот шампионат кој ќе се игра во Србија.

Македонија покрај него во идеалниот тим има и уште еден претставник и тоа, Марко Луканоски.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Освен македонскиот двоец, во топ 5 на Европското првенство во Скопје се најдоа уште и двајца репрезентативци на Австрија, Имран Суљановиќ и Фун Шот, а идеалната петорка се комплетира со Бугаринот Александар Гаваљугов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…