Дома Фудбал Македонија ги добри противниците за Лига на нации – еве што изјави Милевски по ждрепката

Македонија ги добри противниците за Лига на нации – еве што изјави Милевски по ждрепката

Македонската фудбалска репрезентација имаше поволен ждреб на денешното извлекување на групите за новото издание на Лигата на Нации. Македонија ќе игра во група со Ерменија, Фарски Острови и Летонија.

Селекторот Благоја Милевски по добивањето на противниците не криеше дека целта е првото место во групата, иако неа ги потценува и противниците со кои сме играле во изминатите години.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


“Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави. Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани.

Да имаме прав пристап против секој противник. Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5:0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4:0.  Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања.

Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата”, изјави Милевски.

Лигата на Нации започнува на 5. септември, а завршува 19. ноември, завршниот турни во А-лигата се игра од 4. до 8. јуни 2025. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Несторовски херој за Славен Белупо: Македонецот донесе голема победа (Видео)

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски се покажа како херој на својот тим, носејќи ѝ миним…