Дома Фудбал Италија Лучијано Моџи знае кој ќе го предводи нападот во Јувентус и Милан следната сезона

Лучијано Моџи знае кој ќе го предводи нападот во Јувентус и Милан следната сезона

Поранешниот директор на Јувентус, Лучијано Моџи зборуваше за „Canale 21“ и ги објасни на италијанската јавност следните потези, како на Старата дама, така и на Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Не знам како ќе завршат преговорите помеѓу Икарди и Јувентус но чувствувам дека ќе пропаднат . Ако Игуаин е често на клупата замислете го Икарди?“ – вели Моџи.

Тој потоа објасни кој може да биде првата деветка на Јувентус, но и на Милан.

„Икарди би бил идеален играч за Наполи, но ќе премине во Милан. Што се однесува за Јувентус, најмногу ќе им одговара Милик, но и тој ќе има проблеми поради Дибала и Роналдо.“ – заклучи контроверзниот Моџи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона повторно може да има напаѓач кој се вика Луис Суарез!

Трансферот на Хулиан Алварез од Атлетико Мадрид во Барселона е тема на разговори од завршу…