Јовиќ е нов фудбалер на Реал Мадрид. Српскиот фудбалер денеска ги помина лекарските прегледи во Мадрид, а потоа потпиша договор со шпанскиот великан.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Јовиќ со Реал потпиша договор на шест години, а Ајнтрахт ќе инкасира 60 милиони евра со можност за дополнителна заработка низ одредени бонуси.
Третина од споменатиот износ ќе му припадне на неговиот поранешен клуб Бенфика со кој до пред два месеци беше под договор.
„Јас сум најсреќниот човек на светот. Убеден сум дека донесов вистинска одлука и се надевам дека ќе му помогнам на Реал да освои уште многу титули.“ – изјави Јовиќ.
Лука Јовиќ во минатата сезона одигра 48 натпревари за Ајнтрахт во сите натпреварувања и запиша 27 погодоци и 7 асистенции.