Дома Фудбал Лука Зидан: Конкуренцијата со Димитриевски е добра

Лука Зидан: Конкуренцијата со Димитриевски е добра

Столе Димитриевски брани одлично во дресот на Рајо Ваљекано.

Рајо високо котира на табелата во Примера, а затоа големи заслуги одат и кај македонскиот голман кој во овој момент добива предност пред младиот Лука Зидан.

„Секогаш е добро да имате конкуренција. Работам за да бидам добар, стојам на располагање на тимот“, изјави Французинот.

Димитриевски ја има довербата на тренерот Андони Ираола и ги одигра сите 15 натпревари од првата минута во шпанското првенство. Димитриевски со Рајо потпиша договор во 2019 година, а претходно една година настапуваше во клубот како позајмен фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Резервистите го свртеа мечот: Хофенхајм од 0-1 до 3-1 против Штурм!

Штурм водеше на паузата, но Хофенхајм одговори со три гола од 72. минута. Конте и Мерштет …