Дома Фудбал Лига на шампиони Лукаку руши рекорди: Направи нешто што не му успеало на ниту еден друг играч на Интер

Лукаку руши рекорди: Направи нешто што не му успеало на ниту еден друг играч на Интер

Ромелу Лукаку во натпреварот против Борусија Менхегладбах ситгна до нов рекорд.

Одличниот белгиски напаѓач беше стрелец на два гола, но тоа не му помогна премногу на Интер затоа што натпреварот против Борусија заврши без победник 2:2.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Лукаку ги постигна двата гола за Интер и со тоа успеа да постигне барем по еден гол во деветтиот европски натпревар на Интер во низа. Вакво нешто претходно не му успеало на ниту еден друг на играч на клубот од Милано.

Сметајќи ги натпреварите од минатата сезона во Лига Европа и Лигата на шампионите Лукаку постигна 11 гола.

Инаку, Белгиецот одлично ја започна и новата сезона во Серија А и до сега има четири гола од исто толку натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…