Ромелу Лукаку пристигна во Милано, кој после лекарските прегледи ќе потпише петгодишен договор со Интер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нероаѕурите на Манчестер Јунајтед за неговите услуги ќе плати 65 милиони евра со дополнителни бонуси, а 26-годишниот играч набрзо ќе стане член на италијанскиот великан.
Неговото заминување од Јунајтед очигледно тешко му паднало на поранашниот играч и легенда на клубот Гери Невил, кој на Твитер порача дека Лукаку има вишок килограми и е непрофесионален.
„Призна дека е претежок, има преку 100 килограми. Ќе постигнува погодоци и ќе му биде добро во Интер, но непрофесионализмот е заразен.“ – напиша Невил.
Лукаку заминува од Јунајтед после две години и со учинок од 42 погодоци во 96 настапи за Црвените ѓаволи.