Дома Фудбал Лукаку за разликата помеѓу него и Ибрахимовиќ: Тој сака да победува за себе, а јас за тимот

Лукаку за разликата помеѓу него и Ибрахимовиќ: Тој сака да победува за себе, а јас за тимот

Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ имаа жесток дуел за време на четвртфиналето во италијанскиот куп помеѓу Интер и Милан, а од тогаш често пати испраќаат провокации еден кон друг.

Сега Лукаку во изјава за „Кориере дело Спорт“ повторно испрати провокација до Швеѓанецот.

„До Јунајтед ние имавме добар однос. На Серија А и требаат играчи со неговиот квалитет. Но, разликата помеѓу мене и него е што тој сака да победува за себе, а ја за тимот“, изјави Лукаку.

Ако се знае дека Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан на уште една сезона, јасно е дека во новата сезона ќе видиме нова средба помеѓу двајцата голгетери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…