Дома Фудбал Луис Енрике за Ел Класико и повредените играчи!

Луис Енрике за Ел Класико и повредените играчи!

Луис Енрике денес имаше пресконференција пред големото „Ел Класико“ и напомена дека ова е шанса за неговиот тим да се приближи до „кралевите“ на табелата.


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



Барселона во овој натпревар влегува со шест бода заостаток, па е пред императив победа во големото дерби.

„Утре не чека натпревар против многу организирана екипа на која не и е потребен посед на топка за да бидат опасни. Мислам дека Зидан нема многу да го менува стилот на игра, ќе користи слична тактика како на последното Ел Класико“

„Имаме шанса да му се приближиме на Реал на табелата и ништо повеќе од тоа“, истакна Луис Енрике. Моменталната состојба на табелата нема да има никакво влијание на исходот на мечот. Во вакви натпревари важно е да ги контролираш своите емоции“, истакна Луис Енрике.

Барселона, исто како и Реал Мадрид се соочува со проблеми околу повредените играчи.

„Враќањето на повредените играчи е секогаш убава вест, особено кога зборуваме за Андрес Иниеста. Жорди Алба и Жерар Пике нормално тренираа со остатокот од тимот и ќе бидат спремни за утрешното дерби“, објасни шпанскиот страгег

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мексиканците трагичари, Аргентина и Полска во осминафинале🎥

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Вистинска драма …