Дома Останати Кошарка НБА Луд натпревар на Вестбрук, одличен Јокиќ не беше доволен за Денвер против Лејкерси 🎥

Луд натпревар на Вестбрук, одличен Јокиќ не беше доволен за Денвер против Лејкерси 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата ја одбележа Расел Вестбрук. Вашингтон во еден ефикасен натпревар дојде до победа против Индијана со 151:141.

Вестбрук натпреварот го заврши со 14 поени, 21 скок и 24 асистенции. Ова е само трет натпревар во НБА на кој еден играч имал повеќе од 20 асистенции и скокови. Вакво нешто му успеа на Вилт Чембрлен во сезоната 1967/1958, а пред две години истото го направи токму Вестбрук тогаш како играч на Оклахома оствари учинок од 20 поени, 21 асистенција и 20 скока.

Ла Лејкерси ја прекинаа серијата од три порази и славеа против Денвер (93:89). Актуелните шампиони и во овој натпревар беа без Леброн Џејмс, но тука беше Ентони Дејвис кој натпреварот го заврши со 25 поени, седум скока и една асистенција. На спротивната страна одличен беше Никола Јокиќ. Јокиќ оствари учинок од 32 поени, 9 скока и 5 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Орландо 112-119, Вашингтон – Индијана 154-141, Њу Орлеанс – Голден стејт 108-123, Атланта – Портланд 123-114, Чикаго – Портланд 94-106, Мемфис – Њујорк 104-118, ЛА Лејкерс – Денвер 93-89, Јута – Сан Антонио 110-99.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Фото: Шкендија на плоштадот во Тетово ја прослави титулата заедно со своите навивачи 📸

Вчера беше весело во Тетово, Шкендија ја славеше шампионската титула на градскиот плоштад …