Неверојатно полувреме се одигра денес во Битола – Пелистер поради кризата во Тетекс влезе како голем фаворит во натпреварот од втората лига, но никој не очекуваше дека битолчани после 45 минути ќе постигнат седум гола.
„Петарда“ во мрежата на Пелистер „пукна“ после само 22 минути, а потоа до 40. минута домаќините постигнаа уште два гола.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Хет-тррик запиша Борче Маневски, а по еден гол постигнаа Китановски, Драгарски, Мустафов и Стефановски.
Фото: ФК Пелистер
Коментари