Дома Останати Кошарка НБА Лудница во НБА: Првиот ден донесе неверојатни трејдови!

Лудница во НБА: Првиот ден донесе неверојатни трејдови!

0

Oд вчера во најсилната кошаркарска лига во светот владее вистинска лудница.

Во НБА започна периодот за трансфери, а многумина кошаркари ги променија тимовите.

За сега најсензационална вест е дека Кевин Дурант, Деандре Џордан и Кајри Ирвинг ќе потпишат за Бруклин Нетси (тука).

Џими Батлер одлучи дресот на Филаделфија да го замени со оној на Мајами Хит каде што за четири години ќе заработи 142 милиони евра.

Д’Анџело Расел требаше да се врати во Лос Анџелес Лејкерси, но на крајот ќе потпише за Голден Стејт, а тимот од Оукленд го напушти Андре Игудала кој е трејдуван во Мемфис.

Навивачите на Селтикси го изгубија Ирвинг, но во наредните четири години ги обезбедија услугите на одличниот Кемба Вокер.

Кристоп Порзингис одлучи да остане во Далас и за пет години ќе заработи 158 милиони долари.

Филаделфија го изгуби Батлер, но од Мајами го добија Џош Ричардсон, а ги обезбедија услгите на Ал Хорфорд како и Тобијас Херис кој одлучи да го продолжи договорот.

Малком Брогодон наредната сезона ќе го носи дресот на Пејсерс, додека Бојан Богдановиќ е нов играч на Јута.

Џорџ Хил, Брук Лопез и Крис Мидлтон ги продолжија договорите со Бакси, додека Дерик Роуз ќе го гледаме во дресот на Детроит Писонси.

Демијан Лилард го продолжи договорот со Портланд, а во тој тим ќе оди и Марио Хезоња кој доаѓа од Никси.

Многу играчи го решија прашањето каде ќе играат следната сезона, но останува да се следи ситуацијата со Каваи Леонард кој на големо се поврзува со Лејкерси каде што го чекаат Ентони Дејвис и Леброн Џејмс

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Азар ги изненади сите со бројот на дресот, но имаше добра причина за тоа (ФОТО)

Баерн Минхен со 3-1 го победи Реал Мадрид на пријателскиот турнир „Интернационален шампион…