Дома Фудбал Останато Лудило во дербито на Лига 1: Тепачка и пет црвени картони, втор пораз за ПСЖ! ?

Лудило во дербито на Лига 1: Тепачка и пет црвени картони, втор пораз за ПСЖ! ?

Во дербито на третото коло во Лига 1 Марсеј оствари изненадувачка победа на гости кај ПСЖ од 0:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Статистиката после натпреварот беше апсолутно на страна на домаќинот, а Марсеј дома си оди со три бода.

Првото полувреме помина во поголема доминација на ПСЖ, но во 31. минута Марсеј дојде до водство преку Тован.

Во второто полувреме ПСЖ со сите сили се обиде да дојде до изедначување но не успеаа.

Во финишот на натпреварот изби тепачка во која дури пет играчи добија црвени картони. Тројца беа од ПСЖ (Паредес, Курзава, Нејмар), двајца од Марсеј (Амави, Бенедето).

За ПСЖ ова е веќе втор пораз во исто толку натпревари во кои се и без даден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Иранската репрезентација остави емоционална порака во соблекувалната во Лос Анџелес

ФУДБАЛСКАТА репрезентација на Иран се збогува со Лос Анџелес со рачно напишана порака, во …