Дома Фудбал Лоши вести за Тотенхем: Познато кога Лорис може да се врати на терените

Лоши вести за Тотенхем: Познато кога Лорис може да се врати на терените

Капитенот на Тотенхем, Хуго Лорис не мора на операција, но на теренот нема да се врати пред 2020 година.

Лорис настрада во саботата во текот на натпреварот помеѓу Брајтон и Тотенхем (3:0) и тоа само три минути игра.

Незгодно падна, но сепак нема скршеница на раката, но сеедно Французинот нема да настапи до јануари 2020 година.

Ќе биде тоа голем хендикеп за Спарсите кои и онака се во тешка ситуација во Премиер лигата и Лигата на шампионите, а Лорис нема да настапи и во некои важни натпревари на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватска – Чешка 2:1: Перишиќ по две минути, Мајер во 87. минута за победа во Осиек

Хрватска во последното коло од групата во Лигата на нациите ја совлада Чешка со 2:1. Периш…